„Моите предмети се чисти – се борев, не ги давам“, вели Фетаи – не открива детали дали се оградува од Јанева

Обвинителката Фатиме Фетаи не открива дали се оградува од нејзината шефица, Катица Јанева. Првиот човек на СЈО, повикувајќи се на самостојноста на СЈО, го одби како неосновано барањето на адвокатот на Еленко Миланов – Фатиме Фетаи и Гаврил Бубески да бидат изземени од предметот „Титаник 3“

Барањето за изземање на двајцата обвинители од „Титеник 3“, адвокатот Миланов, го поднел поради како што вели, недоразбирањата кои од неодамна се појавиле во СЈО.

Негативниот одговор на барањето на Еленко од страна на Јанева, како што рече судијката Марија Клетничка, не претставува пречка за продолжување на постапките. Таа рече дека барањето за изземањето на Јанева не соодветствува со законските одредби, додавајќи дека сепак, истото ќе го достави до надлежните органи.

Предметот „Титаник 3“ е во доказна постапка и е пред завршни зборови и пресуда. Судечкиот совет го одби барањето на адвокатот на Исмет Гури –  странски вештак да вештачи дали потписите на записникот за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во 2013 година во Чаир се фалсификувани. По ова, беше предложено обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури да се земат на распит на наредното рочиште што ќе се одржи на 26-ти август. Инаку, предметот „Титаник 3“ на СЈО, е пред завршни зборови и пресуда.

Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и заменик-директорот на УЈП-Скопје, Исмет Гури се обвинети дека како членови на Општинска изборна комисија во Чаир, на локалните избори во 2013 уништиле изборен материјал и на тој начин влијаеле врз резултатот.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното