Бебето родено на американски воен лет за време на мисијата за евакуација од Авганистан го доби името по тој авион.
Девојчето е родено во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, и го доби името Рич (Reach) по повикувачкиот број на авионот, рече командантот на американските сили во Европа, Тод Волтерс, на брифинг во средата во Пентагон.
Знакот за повик на авионот се користи во радио комуникација со контрола на летање. Авионите Боинг Ц-17 што ги користат американските воздухопловни сили често го користат знакот за повик „Reach“, проследен со комбинација на броеви.
Командата на воздухопловните сили на САД викендов објави на Твитер дека една жена се породила за време на летот за Германија и дека има компликации.
Medical support personnel from the 86th Medical Group help an Afghan mother and family off a U.S. Air Force C-17, call sign Reach 828, moments after she delivered a child aboard the aircraft upon landing at Ramstein Air Base, Germany, Aug. 21. (cont..) pic.twitter.com/wqR9dFlW1o
— Air Mobility Command (@AirMobilityCmd) August 21, 2021
Нејзината состојба се подобри откако авионот почна да лета на помала надморска височина за да го зголеми воздушниот притисок, што помогна да се спаси животот на мајката.
Војниците помогнаа да се извади детето по слетувањето, рече командата.
„Како што можете и да замислите, бидејќи сум пилот на ловец, мојот сон е да гледам како малото дете по име Рич расте како американски државјанин и лета во борбени авиони на САД“, се пошегува Волтерс.