Молдавија ги поздравува сите иницијативи кои можат да ја доближат земјата до Европската унија, но овие проекти не треба да го заменат патот на земјата кон европското членство. Ова го изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица за време на дискусија на Светскиот економски форум во Давос, пренесе Ројтерс.
„Го поздравуваме секој механизам што нè зближува до ЕУ, што ја подобрува нашата соработка, се додека не го замени патот кон членство во ЕУ“, рече таа.
