Свет

Молотов коктел бил фрлен врз израелската амбасада во Букурешт, уапсен Сириец

Молотов коктел бил фрлен врз израелската амбасада во Букурешт, уапсен Сириец

На израелската амбасада во Букурешт денеска е фрлен молотов коктел, без штети и жртви, а уапсен е маж со сириско потекло, кој е осомничен за нападот, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека 34-годишен маж, додека бил на безбедносен преглед, извадил молотов коктел од ранецот, го запалил и фрлил молотов коктел на вратата на амбасадата, јавува Ројтерс.

АП јавува дека откако фрлил шише со запалив материјал, се обидел да се самозапали.

Тој бил уапсен од припадници на антитерористичката единица на романската разузнавачка служба, а потоа на местото на настанот пристигнала и полицијата.

Портпаролот на полицијата за телевизијата Диги24 изјави дека инцидентот е мотивиран од лични разлики, а не од меѓународниот контекст и актуелниот израелско-палестински конфликт на Блискиот Исток.

Полицијата соопшти дека во тек е увид за утврдување на околностите на овој инцидент.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни