Балкан

„Момци, не ја спасивте мојата мајка“ Страшни детали од животот на убиецот Емин – татко му ја убил мајка му, па и викал на полицијата!

„Момци, не ја спасивте мојата мајка“ Страшни детали од животот на убиецот Емин – татко му ја убил мајка му, па и викал на полицијата!

Емин Мустафиќ синоќа е уапсен откако во населбата Миладије во Тузла го убил Исмар К.

Мустафиќ веќе и е познат на полицијата. Имено, тој во 2020 година заедно со Амир Мујиќ снимил тепање на лице, а потоа малтретирал и куче, а сето тоа го споделил на социјалните мрежи.

Медиумите во Босна и Херцеговина пишуваат дека Емин Мустафиќ имал тешка судбина. Во 2013 година, неговиот татко Фехим ја убил сопругата Суада пред салата Мејдан во Тузла.

На бруталното злосторство му претходела расправија, а потоа Фехим извадил нож и ја прободел сопругата во врат. Како што објавија тогаш медиумите, Емин тогаш дошол на местото на настанот и им викал на полицајците и на насобраните граѓани.

– Момци, не можевте да ја спасите мајка ми – извикал тогаш Емин, а поради неговата агресивност полицијата го ставила во автомобил и го оддалечила од местото на злосторството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни