Балкан

Морето исфрли дрога на плажа во Грција: Запленети над 40 килограми хашиш

Морето исфрли дрога на плажа во Грција: Запленети над 40 килограми хашиш

Грчката крајбрежна служба заплени околу 43 килограми обработена канабис-смола (хашиш), позната како „чоколада“, откако морето ја исфрли на плажата Плимири во југоисточниот дел на островот Родос.

Акцијата следела по добиена дојава, при што на брегот бил пронајден пакет составен од 40 импровизирани пакувања со вкупна тежина од 42,7 килограми.

Според проценките на истражните органи, вредноста на запленетата дрога на црниот пазар достигнува околу 320.000 евра.

Надлежните институции започнале истрага за утврдување на потеклото на пратката, додека крајбрежјето е ставено под засилен надзор поради сомнеж дека морето може да исфрли и дополнителни количини.

Слични случаи биле регистрирани и во минатото, вклучително и заплени во февруари на Крит, како и пред две години во Ретимно, кога биле пронајдени 134 килограми хашиш.

Според проценките на властите, Родос претставува дел од поширока морска рута за шверц, при што дел од пратките завршуваат на крајбрежјето наместо кај нивните нарачатели.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни