Балкан

Морничава порака до училиштата: Низ морето ќе тече крв на илјадници српски деца

Морничава порака до училиштата: Низ морето ќе тече крв на илјадници српски деца

На социјалните мрежи се појави текст на монструозна порака за поставени бомби во училиштата во Република Српска, во која меѓу другото испраќачот вели дека нивната мисија е да убиваат и дека крвта на илјадници српски деца ќе тече во морето.

„Го мразиме овој свет и ***, нашата мисија е да убиваме. Колку побрзо човечката раса биде избришана од лицето на земјата, толку подобро. Никој нема да остане жив. Не ни е жал за талогот на земниот, сиромашен човечки род. Училиштето ќе го кренеме во воздух, илјадници мртви српски деца, крв ќе се пролее покрај морето. Ние сме меѓу вас. Сите ќе умрат“, се вели во пораката.

Извештаите за поставени бомби во училиштата, кои за среќа се покажаа дека се лажни, ги добија Црна Гора, Србија, кантонот Сараево, а сега и Република Српска.

Освен во Бања Лука, пријави добија училиштата низ цела Српска: Брантунац Сребреница, Власеница, Зворник …

Полицијата е на терен и ги проверува информациите, а наставата во училиштата е прекината, јавува РТРС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни