Моторџија удрил во пешак во Стајковци

На 20.12.2018 година во 16,15 часот било пријавено дека на улицата “1“ во село Стајковци, скопско патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Т.(55) од село Бунарџик, скопско удрило во пешак З.П.(56) од село Стајковци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле и две сопатнички во возилото М.Т.(30) и И.Н.(75) двете од село Булачани, скопско констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.

Се вчитува...

Извор: ТВ21