Македонија

Мотоциклист тешко повреден, излетал од пат

На патот с. Големо Радобил – Прилеп, Д.Д.(24) од село Големо Радобил, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни