Минималната производна цена на основниот вид леб со нови цени на брашното и други производни трошоци не може да биде пониска од 64 центи, изјави претставникот на индустриските пекари Дамир Папиќ на седницата на Комисијата за земјоделство при Стопанската комора, пренесува ТВЦГ.
Сепак, тој не кажа колкава би можела да биде новата малопродажна цена на лебот за трговците, но имајќи предвид дека сегашните маржи и трошоци на трговците ја зголемуваат малопродажната цена за околу 25 отсто, тоа значи дека новата цена може да биде околу 80 центи.
Свинското и пилешкото месо на пазарот на Европската унија поскапеа за 60 отсто во последните седум дена, а може да се очекува и недостиг на пилешко месо, изјави Бранко Пејовиќ, член на Комисијата за земјоделство на Стопанската комора.