Свет

Можно е папата Франциско наскоро да ја посети Украина

Можно е папата Франциско наскоро да ја посети Украина

Украинскиот амбасадор во Ватикан Андриј Јурас навести дека е можно папата Франциско наскоро да ја посети Украина, јави ДПА, цитирана од БТА.

Амбасадорот ова го направи по вчерашната аудиенција кај Светиот Отец.

Украина го чека папата од почетокот на руската агресивна војна, напиша Јураш на Твитер, додавајќи дека неговата земја со задоволство „да го пречека Светиот Отец пред тој да го посети Казахстан“.

Папата планира тридневна посета на Казахстан, која се очекува да започне на 13 септември.

Ватикан не објави детали од разговорот на Папата со Јурас, но потврди дека се случил.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни