Парализиран човек можел да оди само размислувајќи за тоа, благодарение на електронските мозочни импланти за кои вели дека му го промениле животот.
40-годишниот Холанѓанец Герт-Јан Оскам бил парализиран во сообраќајна несреќа со велосипед пред 12 години.
Електронските импланти безжично ги пренесуваат неговите мисли на нозете и стапалата преку втор имплант на ‘рбетот.
Системот е сè уште во експериментална фаза, но водечката добротворна организација за ‘рбетот во Велика Британија го нарече „многу охрабрувачки“.