Македонија

МРП вакцините ќе се уништат, Министерството без конкретен одговор кој е причината

Министерството за здравство и понатаму тврди дека вакцините кои се појавија со изминат рок на траење, биле исправни. Настојуваат дека погрешните декларации биле само печатна грешка, а квалитетот на вакцините не е спорен. Но, сепак не не дадоа конкретен одговор зошто се уништуваат.

Иако директорката вети дека Агенцијата за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“ ќе испрати соопштение, сепак и покрај обидите на ТВ21, такво нешто не се случи. Околу постапката за уништување на вакцините, го контактиравме и директорот на депонијата „Дрисла“, Горан Ангелов, место каде е предвидено уништување на вакцините. Во телефонски разговор, директорот Ангелов, рече дека вакцините нема да можат да се уништат, поради тоа што печката за согорување на медицински отпад е исклучена поради дефект на филтерот.

Во меѓувреме, расте бројот на заразените од морбили. Осум нови случаи се регистрирани на Инфективната клиника во Скопје. Двајца од нив се хоспитализирани, а останатите шест пациенти се пуштени на домашно лекување. Исто така две деца со морбили се примени на Клиниката за детски болести, односно на хемато-онколошкиот оддел.

Од таму информираат дека од почетокот на епидемијата на морбили, вакцини примиле  4.200 луѓе. Според нив, бројката е добар показател за тоа колку сериозно граѓаните ги сфатиле препораките  на Комисијата за заразни болести.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни