Во 9 слетуваат бугарските авиони, последна почит на „Скендербег“ – МРТ со директен пренос

Јавниот сервис утре со почеток од 9 часот наутро, ќе врши пренос од Аеродромот „Скопје“ каде ќе пристигнат посмртните станки на 45-те патници кои трагично го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија.

Од Аеродромот, на пригоден начин ќе биде одадена почит на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, а потоа телата ќе бидат пренесени во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ каде што ќе им бидат предадени на семејствата.

Утре, 3 декември, во 9ч, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13ч, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Поврзани вести

Претпладне променливо облачно со повремен слаб снег – во текот на денот облачноста ќе се намалува

Претпладне променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе...

СЕДНИЦА ВЛАДА: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари; Донесена е Програмата на економски реформи 2022 – 2024 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 8 седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово...

1.908 нов случај на ковид-19 – пријавени 26 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на КОВИД-19:

Николоски: Заев доби датум за скијање на Шамони, но Македонија не доби датум за старт на преговори

Суштинското прашање е зошто актуелната политичка елита дозволи да ова стане прашање број еден, покрај билатералните односи и во државата? Одговорите можат да бидат во две насоки: или се работи за добра...

Најважното

Претпладне променливо облачно со повремен слаб снег – во текот на денот облачноста ќе се намалува

Претпладне променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува....

СЕДНИЦА ВЛАДА: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари; Донесена е Програмата на економски реформи 2022 – 2024 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 8 седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните...

1.908 нов случај на ковид-19 – пријавени 26 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.834...

Николоски: Заев доби датум за скијање на Шамони, но Македонија не доби датум за старт на преговори

Суштинското прашање е зошто актуелната политичка елита дозволи да ова стане прашање број еден, покрај билатералните односи и во државата? Одговорите можат...

За прв пат во Македонија изведена трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со...