Балкан

МСП во Приштина издаде предупредување: Не патувајте низ Србија

МСП во Приштина издаде предупредување: Не патувајте низ Србија

По апсењето на припадниците на косовската полиција од страна на српските власти, за кои властите во Приштина тврдат дека се „киднапирани“, косовското Министерство за надворешни работи издаде предупредување до сите кои патуваат на Косово.

Ве молиме внимателно да ја следите тензичната безбедносна состојба и да не патувате низ Србија“, наведуваат од косовската МСП, а пренесува КоСсев.

На граѓаните и на „сонародниците“ им се вели да користат други транзиции за дополнителни информации од косовските институции.

„Со оглед на тоа што во оптек има многу лажни вести кои имаат за цел да шират страв и хаос, следете ја косовската полиција за најновите официјални вести во врска со ова“, додаваат од Министерството.

Предупредувањето доаѓа по апсењето – како што тврди Белград, или „киднапирањето“ – како што толкува Приштина, на тројца припадници на косовската полиција.

Од Белград наведуваат дека станува збор за вооружени специјални единици, со долги цевки и друга опрема, кои влегле во централна Србија, односно општина Рашко, а кои потоа биле запрени од припадници на МУП на Србија.

Од друга страна, од Приштина наведуваат дека се припадници на граничната единица и дека всушност српските сили, а според Курти – Армијата, влегле на територијата на Косово и ги киднапирале.

И додека Белград негира и наведува дека има докази, па дури и предлага да се спроведе меѓународна истрага, Приштина бара итно ослободување на полицајците, наведувајќи дека за сè ги информирале меѓународните претставници, вклучително и КФОР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни