Македонија

Мцкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без писмени гаранции за тргање на бугарското вето

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите посочи дека министерот за надворешни работи Бујар Османи продолжувал да не ја говори вистината и да го манипулира народот, бидејќи тоа што се слушало од Софија е дека сигурно ќе нема преговори. „Единственото нешто кое што може да се случи е да се случи прва меѓу владина конференција“, вели Мицкоски. Тој појасни дека таа прва меѓувладина конференција е „фолклор, односно настан без суштина“. „Ќе се сликаат претставниците на Европската Комисија и на македонската влада, и тука завршува се. Нема да почнат преговорите се додека целокупната преговарачка рамка, ние не ја испочитуваме, а во таа преговарачка рамка ќе бидат вклучени барањата од страна на Бугарија, вклучително и интервенцијата во македонскиот Устав“, рече Мицкоски. Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи тие промени во македонскиот Устав, бидејќи за тоа се потребни 2/3, токму поради тоа што нема никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија, и дека до самото членство на Македонија во ЕУ, нема да имаме повеќе вакви хегемонски барања од страна на политичарите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни