Му се слошило додека се движел по улица во Скопје, паднал и починал

69-годишниот П.П. од Скопје вчера бил пронајден починат на улицата „Карпошово Востание“ околу 13 часот. Итна медицинска помош констатирала смрт, по што ги известила надлежните од СВР Скопје.

Според пријавеното, додека се движел по улицата му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош која констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извор: ТВ21