Македонија

„Се смееја на Грујо, ама денеска цела Влада фрлаше лопати во Тетово“ – на новинарите забрането да поставуваат прашања: „Дојдете вечер на Скендербег ќе има светлечко шоу!“

„Се смееја на Грујо, ама денеска цела Влада фрлаше лопати во Тетово“ – на новинарите забрането да поставуваат прашања: „Дојдете вечер на Скендербег ќе има светлечко шоу!“

Новинарот Сунаи Сабриоски на својот Фејсбук профил посочи дека денескa, по повод 21-годишнината од Рамковниот договор, Владата на РСМ е најголемиот уредник на најголем дел од прилозите што ќе ги гледате.

„Си организираа настан без можност за новинарски прашања. Според премиерот нема прашања бидејќи ова му е битен настан како медиуми да го пренесеме. Иначе не се сеќирајте на камен темелникот лопати фрлија речиси сите владини луѓе, имаше и дрон. Му се смееја на Грујо М? И така, вие како сте? Лебот поскапе? Најтешка зима и остали флоскули“, пишува Сабриоски.

Тој ја повика јавноста вечер на забава кај Скендербег, бидејќи светлечко шоу ќе има!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни