Министер од актуелната Влада на Република Македонија е под истрага на финансиската полиција, вели директорот на оваа институција Арафат Муареми на синоќешното издание на „ClickPlus“ на ТВ21.
Тој на синоќешното гостување во ТВ21 истакна дека истрагате е во тек, и дека Премиерот можеби е запознаен со случајот.
„Сегаме имаме случај каде истражуваме актуелен министер, и значи немам политички притисок“, изјави Муареми кој запрашан од водителот на ТВ21 дали за случајот е известен Премиерот, одговори:
„Премиерот можеби знае бидејќи адресата каде го пријавивме случајот е Владата на РМ“, истакна Муаареми.
За кој министер станува збор, погледнете вечерва во Информативниот магазин на ТВ21 од 19:30 часот, а во меѓувреме погледнете го видеото од вчерашното гостување на Муареми во нашата телевизија.
