Муцунски: Иранскиот ракетен напад кон Турција е неприфатлив, изразуваме полна солидарност со нашиот сојузник

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го осуди лансирањето ирански ракети кон Турција, оценувајќи го чинот како неприфатлив и дестабилизирачки за целиот регион.

Муцунски истакна дека ваквите акции директно го нарушуваат меѓународниот воздушен простор, ги ескалираат тензиите и ја поткопуваат регионалната стабилност.

„Стоиме во целосна солидарност со Турција како наш НАТО сојузник. Повикуваме на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право“, порача шефот на дипломатијата преку социјалната мрежа Х.