AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Музеј му плати на уметник дури 72.000 евра за две празни платна

Музеј платил 72.000 евра за две слики, но кустосите не го добиле точно баш тоа што го платиле.

Се работи за музејот за модерна уметност „Кунстен“ од Данска кои му платиле на уметникот Јенс Ханинг за две слики, но уметникот испратил две празни бели платна.

Неговото објаснување се однесувало на тоа дека празните платна всушност се новата уметност, која го носи називот „Земи ги парите и бегај“, и е „еден вид коментар за ниските плати во земјата“.

Секако, управата на Музејот не била задоволна од ова негово „објаснување“, но сепак тоа не ги спречи да ги прикажат двете платна како дел од неговата изложба, наречена „Размисли“, која го истражува односот на луѓето со работата.

Инаку, Ханинг е познат по своите провокативни дела како уметник.

Во договорот се предвидува дека галеријата му ги дава тие пари на Ханинг за тој да може подоцна да ги вложи во реплика на едно поранешно уметничко дело, а уметникот притоа сакал да претстави две слики, односно голема и мала со цел да ја илустрира разликата во просечните годишни примања во Данска и Австрија.

„Всушност, ми дојде да се смеам кога вработените ги отпакуваа празните платна“, посочи Ласе Андресон, извршен директор на „Кунстен“.

Сепак, на крајот со закана од судот Музејот и Ханинг потпишаа нов договор во кој се вели дека уметникот ќе испорача нови дела и ќе ги врати исплатените средства до 16 јануари 2022.