Македонија

Музејот на азбуката „ограден“ со зелено – се реновира за време на празник, има проблеми со имотот

Ноемвриските празници се ближат, а Музејот на албанската азбука е “завиткан“ со оваа зелена ограда.

На деновите кога се празнува албанската азбука, музејот од внатре е разрушен. Се поставува струја, нови плочки, а се менува и надворешната фасада.

Директорот на музејот, Неур Аслани рече дека имаат имотно – правни проблеми со дел од музејот кој е под ингеренции на општина Битола.

Во Битола е отворен конзулат на Албанија со кој ќе раководи Имер Селмани. Во истиот објект се конзулатите на Србија и Романија.

Во деновите што следат ќе се одржат настани кои ги организира Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Инаку денеска Битола ја посетија професори, академици и политичари кои прошетаа низ плоштадот на Битола.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни