МВР брзо да излезе со истрагата за бегството на Груевски, Заев смета дека 2/3 мнозинство во Парламентот останува

Премиерот Заев не очекува раситнување на двотретинското мнозинство во македонското Собрание, откако во привтор влегоа Мијалков, јанакиески и Божиновски. Смета дека вметнуваесњто на опозициските предлози во текстот на нацрт амандманите кои ќе ги претстават по втората пленарна седница закажана за 1 декември, ќе ја зајакне ниванат позиција.

„Жалам што пратениците изјавуваат дека тоа влијае. Се надевам дека ќе останат на своите ставови. Како тече дискусијата, ќе запре и јавната дебата после втората пленарна седница на 1 декември и ќе вградиме сериозна вклученост на опозициските предлози што ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство или зголемување. Тоа е мое очекување“, вели премиерот Заев.

Заев рече дека очекува наскоро МВР да излезе со детали од истрагата за бегството на Груевски од Македонија. Дотогаш вели, останува отворено како 4 земји пријатели на Макеоднија, од кои 3 членки на НАТО се дел од маршутата на Груевскки.

„Јас сум информиран, отприлика знам  до каде се стигнати работите, и верувам дека во многу брзо МВР  ќе излезат со детали што се случувало во Македонија. Знаеме што се случувало во Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија. Останува прашањето како наши четири земји наши пријатели  тоа го дозволиле и како три земји членки на НАТО демонстрирајки „владење на правото“ под наводници го кажувам,  во време кога македонскиот парламент сериозно е фокусиран  да биде членка ЕУ и НАТО. Но затоа се истрагите“, вели Заев.

Заев на посетата во Струмица, каде првите луѓе на МЕПСО вршеа увид на реализацијат ана новата општичка мрежа, демеантираше дека пред бегството контактирал со Груевски. Премиерот рече дека последен пат разговарале пред 27 април, во периодот кога требаше да биде конституиран парламентот. Откако сум премиер не сум остварил никаов контакт со него, додаде Заев.

Репортер: Катерина Дафчева

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното