Балкан

МВР: Момчето само се пријави во полиција, имаше список, план и молотови коктели

МВР: Момчето само се пријави во полиција, имаше список, план и молотови коктели

Претставникот на МВР на Србија, Веселин Милиќ изјави дека во 8 часот и 42 минути била повикана полиција и се претставил како Коста Кецмановиќ и дека пукал во неколку лица.

Тој рече дека помошник-директорот на училиштето прво повикал полиција и дека веднаш биле испратени патроли.

Убиени се седум девојчиња и едно момче, рече Милиќ, а на местото на настанот е пронајдено оружје.

Тој изјави дека осомничениот сè планирал со месеци и дека има список и дека одредил приоритетни цели.

Ја избрал училницата затоа што била во близина на влезот и првиот час му бил класен, а пиштолот и оружјето му го одзел на татко му, изјавил тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни