Македонија

МВР приведе пироман од Прилеп

На 10.08.2021 СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против  Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, на 06.08.2021 околу 06.15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни