Македонија

МВР со детали: Пронајденото женско тело во Зрновци било во фаза на распаѓање

МВР со детали: Пронајденото женско тело во Зрновци било во фаза на распаѓање

Денеска во кочанското село Зрновци, било пронајдено тело на почината жена, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, телото било забележано околу 10:40 часот на локација викана Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, при што се наоѓало во фаза на распаѓање. Веднаш по пријавата, на местото излегле надлежните служби и започнале активности за расчистување на случајот.

Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека идентитетот на починатата засега не е утврден. Јавен обвинител врши увид на терен, а ќе биде наредена и обдукција со цел да се утврдат причините за смртта, кои во овој момент остануваат непознати.

Истрагата продолжува, а надлежните апелираат до јавноста да не се шират непроверени информации сè додека не завршат официјалните постапки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни