Македонија

МВР со детали за прегазениот пешак на автопатот Градско-Велес: Од здобиените повреди пешакот починал, возачот побегнал

МВР со детали за прегазениот пешак на автопатот Градско-Велес: Од здобиените повреди пешакот починал, возачот побегнал

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила рано утрово на автопатот Градско-Велес, каде животот го загубил 77-годишен пешак. Возачот кој го удрил пешакот го напуштил местото на несреќата.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во СВР Велес околу 05:30 часот. Несреќата се случила на местото викано „Штипска клучка“, кога патничко возило удрило во пешакот С.М. (77) од селото Мамутчево, велешко.

Од здобиените повреди, пешакот починал на самото место. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Возачот на возилото по несреќата го напуштил местото, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

По документирањето на настанот, од МВР најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни