Македонија

МВР со детали за трагедијата кај Битола: Две машки лица пронајдени мртви на изворите наречени “Сребрена вода”

МВР со детали за трагедијата кај Битола: Две машки лица пронајдени мртви на изворите наречени “Сребрена вода”

Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk информираат за трагедијата кај Битола.

„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица“, велат од МВР.

Тие додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител.

„Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција“, порачаа од МВР за 4news.mk

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни