МВР инфомираше дека спровела акција во Битола во фабрика за марихуана на која лани и била одземена лиценцата за работа, но сепак продолжила да работи. За време на вчерашната акција во фирмата била пронајдени 250 килограми марихуана во вредност од 800 илјади евра.
Според сознанијата на Телма станува збор за објект на компанијата Медицал 420 во Битола, од која потекнуваше дел од товарот на марихуана кој лани во април беше откриен на Плетвар, а во транспортот учествуваше и полицискиот началник на прилепската полиција. Во таа акција помагаше и американската ДЕА, но иако и беше одземена лиценца за производство на канабис во медицински цели, во истата фабрика продолжило производство на марихуана за нарко пазарот.
Телма пишува дека фирмата МЕДИЦАЛ 420 ДОО Битола е под стечај и нема лиценца, но пред еден месец на 11-ти јули е регистрирана фирма со иста дејност (канабис за медицински цели) со многу слично име во Битола, односно се вика МЕДИЦАЛ 420 УСА ЛЛЦ ДООЕЛ Битола со управител кој не бил во структурите на затворената фирма која се наоѓа на различна адреса од новоформираната за која нема информации дали има дозвола за одгледување на марихуана.
МВР потврди дека дрогата вредна околу 800 илјади евра потекнува од затворена фабрика за канабис со одземена лиценца. Интересно е што на седницата во мај лани, тогашниот премиер Заев не учествувал при одземање на лиценцата и на Медицал 420 и на Пхарма-Битола (двете канабис медицински фабрики кои наместо лекови правеле дрога за продажба).
Притоа, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, не присуствуваше на седницата на Владата при расправата и одлучувањето по однос на овој материјал и беше изземен, врз основа на одредбите од член 73 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, стои на владиниот сајт за одлуките за одземање на лиценците за проиводство на канабис/коноп.
Членот 73 од Законот за спречување на корупција предвидува „Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.“
„Сопствен приватен интерес или на блиско лице“ било причината за неучество на Заев како премиер во одлучување на владата за одземање на лиценци, иако не е наведено конкретно за каков приватен интерес станува збор, иако е познато дека членови на семејството Заеви се инволвирани во повеќе фирми за медицински канабис.
Но, на друга точка на истата владина седница, Заев не се изземал иако било издавана лиценца за одгледување на канабис за медицински цели на фирмата ГРАСС БРОВВНИЕС ДОО експорт-импорт с. Зубовце Врапчиште.
Инаку денешниот случај не е првпат да има злоупотреби со марихуана произведувана во погони за медицински цели со легални дозволи и лиценци. Дури имаше и кражба на камиони со марихуана во гевгелискиот регион.