Министерството за внатрешни работи денеска ќе уништува дрога во кругот на фабриката „Макстил“.
На настанот ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги, а истото ќе се одржи во 17 часот.