Македонија

МВР: Во Кичево фотографирано и скинато ливче

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, посочи дека гласањето тече мирно, без нарушување на јавниот ред и мир.

Тој додава дека има регистрирано два случаи на изборни нерегуларности.

„Во Кичево имаме фотографирано гласачко ливче, а во вториот случај, исто така во Кичево, имаме скинато гласачко ливче“, порача Ангеловски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни