На 18-годишник му била ампутирана ногата, две девојчиња тешко повредени и нивните животи се во опасност

Зоран Круљ, портпарол на итната помош во Нови Сад, изјави дека на млад човек му била ампутирана ногата по денешната несреќа во тој град, во која загинале 14 лица кога врз нив паднала тешката армирано-бетонска настрешница на железничката станица.

„Во денешната трагедија на железничката станица во Нови Сад тешко се повредени 18-годишен млад човек и девојки на возраст од 21 и 23 години, а нивните животи се во опасност. На 18-годишен маж му е ампутирана ногата“, изјави Круљ.

Се вчитува...

Тој додаде дека 10 нивни екипи цело време дежурале и се уште дежураат на Железничката станица.

Потсетуваме, четиринаесет лица загинаа при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.