Свет

На 9 септември ЕУ расправа за парализата на енергетскиот пазар

На 9 септември ЕУ расправа за парализата на енергетскиот пазар

На 9 септември ротирачкото претседателство со ЕУ – Чешка ќе свика состанок на кој ќе се разговара за драстичното поскапување на енергенсите, пренесува Der Standard.

Ова во понеделник во Прага го соопшти чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела. Според Сикела, пазарот престанал да функционира. Темите за кои ќе се разговара се паневропската граница на цената на гасот и раздвојувањето на цената на електричната енергија . Потсетуваме дека утрово и австрискиот премиер се изјасни за плафон на цените.

Јозеф Сикела се залагаше за одвојување на цената на струјата од цената на гасот, а според неговата претходна изјава, паневропското ограничување на цената е „реална можност“.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен , исто така повика на „итна интервенција и структурни реформи“ на пазарот на електрична енергија.

„Порастот на цените на електричната енергија јасно ги покажува границите на функционирањето на сегашниот пазар. Тој е создаден во многу поинаков контекст “, објасни таа на конференцијата во словенечкиот град Блед, пред итниот состанок на министрите за енергетика од ЕУ. .

Цените на енергијата, електричната енергија и природниот гас  го започнаа својот нагорен тренд минатата есен, а по руската инвазија на Украина на крајот на февруари, ситуацијата на енергетскиот пазар уште повеќе се влоши, вклучително и поради неуспехот на рускиот монополист да снабдува доволни количини на гас.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни