Свет

На американска лотарија е собран џекпот од 1,2 милијарди долари

На американска лотарија е собран џекпот од 1,2 милијарди долари

Во САД џекпот од 1,2 милијарди долари го чека среќникот кој може да ја погоди добитната комбинација на лотаријата Power Ball. Бројките ќе бидат извлечени денеска.

Добивките се акумулираат од 19 јули, кога никој не ги знаеше добитните бројки. Пред само една недела, среќник од Флорида ја погоди добитната комбинација на лотаријата Mega Millions и освои нешто повеќе од 1,6 милијарди долари.

Ова е втор најголем џекпот во историјата на светот, откако среќник од Калифорнија освоил 2,4 милијарди долари пред една година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни