На аукција ќе биде ставена аудиокасета со снимка на која пејачот на „Битлс“ пее досега необјавени песни за време на неговиот престој во Данска во 1970 година.
Оваа снимка е проценета околу 27.000 и 40.000 евра и трае околу 33 минути, а им припаѓа на четворица мажи кои го познавале Ленон како адолесцент.
Џон Ленон поминал дел од зимата 1969-1970 година на западниот брег на Данска, а наддавањето треба да се одржи на 28 септември во Копенхаген
Снимката е уникатна бидејќи содржи и разговор, а снимена е по прес-конференција, кога средношколците, заедно со неколку новинари разговараа со Ленон, па тој им отпеа неколку песни.
Во снимката ја има и „Radio Peace“, којашто никогаш досега не е објавена.
