Тешка сообраќајна несреќа и пожар го блокираа автопатот на влезот во Скопје. Според првичните неофицијални информации сообраќајот е целосно запрен на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град.
Граѓаните јавуваат за драматични сцени на патот.
Пријавено е дека горат автомобил и камион на делот кај Хиподром по тешка сообраќајка.
Според информации на 4NEWS.mk судрени се камион и BMW.
Се препорачува максимална внимателност, намалување на брзината и доколку е можно, користење на алтернативни патишта за влез во Скопје додека не се расчисти гужвата.
