Судењето за предметот Таргет-Тврдина се одложи за 29 јануари 2019 година на барање на адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски.
Шврговски побара одлагање поради исказите на сведокот на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски, зошто користел стручни термини, па не може да биде испрашан од одбраната.
СЈО рече дека барањето е неосновано и дека има за цел одолговлекување на постапката.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
