Македонија

На „Богородица“ поставена табла – Република Северна Македонија

Царинската управа на Република Северна Македонија на граничниот премин Богородица кај Гевгелија ја постави таблата со новото уставно име на државата, Република Северна Македонија.

Откако Грција го ратификува протоколот за НАТО, земјава и официјално ќе се именува како Република Северна Македонија, а Владата веќе почна со подготовки за промена на таблите на институциите и патиштата.

Таблите ќе бидат поставени и на останатите гранични премини, а покрај на македонски, ќе бидат испишани и на англиски јазик.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни