На „Богородица“ во албански автомобил запленети 51 килограми марихуана

Царинската полиција во текот на вчерашниот ден на ГП „Богородица“ имала заплена на голема количина марихуана, односно во возило „Опел“ биле пронајдени 51 килограми марихуана, која била наменета за грчкиот и за турскиот пазар во вредност од 140 до 180 илјади евра.

Чест ми е да ви кажам дека на 6. Октомври 2019 година на граничниот премин „Богородица“ при излез од Северна Македонија царинските службеници при случајна селекција, успеаја да октријат 51 килограм марихуана. Во патничко возило, скриена под седиштата на возачот и совозачот кои биле татко и син. Според изјавите од учесниците, дрогата била наменета за грчкиот пазар, но ние имаме информација дека била наменета и за турскиот пазар. Износот на дрогата е 140 до 180 илјади евра. Дрогата е набавена во Албанија. Против лицата е поведена кривична постапка“, вели Лилјана Живковиќ – Давиткова, шеф на служба против економски криминал при МВР.

Извор: ТВ21