Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против дадилката која вчера во игротеката Дежаву во Аеродром тепаше и малтретираше двегодишно дете, кое го чувала. Таа е осомничена за Запуштање и малтретирање на дете сооред член 201 став 1 од Кривичниот законик, кој за вакво нешто предвидува казна затвор од една до десет години. Надлежено јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Оомничената вчера во игротека, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. Случајот го пријавил сопственикот на игротеката, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери. Притоа видеото го објавил и на нивната фејсбук страница. Полицијата ја привела дадилката вчера околу 17:30 часот.