На денешен ден во далечната 1984 година советскиот космонаут Светлана Евгењевна Савицкаја за прв пат ја „прошетала вселената“.
Се работи за позната руска астронаутка која исто така е и втората жена која воопшто била во вселената.
Таа имала вкупно две мисии во вселената, каде вкупно поминала 19 дена, 17 часа и 6 минути.
Нејзината прва мисија била на 19 август 1982 година, а втората 17 јули 1984 година.
Имено, точно на денешен ден (25 јули) во 1984 година таа станала првата жена која „шетала“ во вселената, а со нејзиниот колега Владимир Џанибеков била надвор од леталото Сојуз Т-12 повеќе од 3 часа.
Подоцна требало да се остварат уште две мисии, но за жал првата била откажана, додека пак втората ја пропуштила поради нејзината бременост.
Савицкаја е два пати добитник на орденот Херој на СССР, а се пензионирала во 1993 година кога имала чин Мајор.
Таа вкупно во вселената поминала 19 дена, 17 часа и 6 минути, додека пак има и астероид наречен токму по неа – се работи за Астероидот 4118 Света.
