Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека денеска на Клиниката за неврохирургија со д-р Владимир Рендевски на операција за прв пат извеле нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите.
„Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување“, напиша Филипче.