Македонија

На „Криволак“ денеска воздушни активности во рамки на големата НАТО-вежба „Neptune Strike 26-03“

На „Криволак“ денеска воздушни активности во рамки на големата НАТО-вежба „Neptune Strike 26-03“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализираат активности од меѓународната воена вежба „Neptune Strike 26-03“, во која учествуваат воздухопловни сили на земји-членки на НАТО, соопшти Генералштабот на Армијата.

Во рамки на активностите, воздухопловите на сојузничките армии ќе бидат наведувани од два тима за наведување на борбена авијација (JTAC), составени од припадници на вооружените сили на Обединетото Кралство и Армијата на Република Северна Македонија.

Вежбата „Neptune Strike 26-03“ се одржува од 17 до 23 јули 2026 година и обединува поморски, воздушни, копнени и мултинационални сили на НАТО.

Целта на вежбата е зајакнување на способностите за интеграција, координација и командување со мултинационални сили при изведување на мултидоменски операции, односно операции кои ги поврзуваат различните воени компоненти во единствен оперативен концепт.

Од Армијата информираат дека учеството во вакви активности придонесува за подобрување на интероперабилноста со сојузничките сили и унапредување на подготовките за заедничко дејствување во рамки на НАТО.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни