На пациентка во Нов Зеланд, докторите и оставиле предмет со големина на чинија во стомакот

На една жена која 18 месеци страдала од хронични болки по царски рез, е откриено дека има хируршки инструмент со големина на чинија за вечера, пишува Гардијан.

„Алексисов вовлекувач“, или AWR, беше оставен во стомакот на една жена откако нејзиното бебе се роди во градската болница во Окленд во 2020 година.

По првичната истрага, локалната јавно-здравствена агенција „Te Whatu Ora Auckland“ заклучи дека немало погрешно постапување во случајот.

Но, денес, комесарот за здравје и попреченост на Нов Зеланд, Мораг Мекдауел, откри дека „Te Whatu Ora Auckland“ го прекршува кодексот за правата на пациентите.

„Ова е преседан. Не е тешко да се заклучи дека ако туѓ предмет е оставен во пациентот за време на операцијата, тоа е далеку под стандардната грижа“, рече Мекдауел.