Прославата по повод 21 година Рамковен договор ќе чини околу 100 илјади евра народни пари.
Нејзин организарот е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, додека пак компанијата која го доби овој тендер за организација е Арберија Дизајн од Тетово.
Радио Слободна Европа пишува дека според нивните податоци од тендерите дневно ќе се трошат по илјадници евра, а еве и за што:
- 1.200 евра дневно за хотелско сместување, 50 лица
- 50 евра кетеринг по лице
- 40 евра за хотелски услуги по лице
- 10 евра за кафе и безалкохолни пијалоци по лице
- 65 евра храна од мени по лице
- 50 евра дневница за домаќините
- 10.000 евра за странски пејачи
- 7.350 евра за домашни пејачи
- 700 евра за водители на концертот
- 1.000 евра за преведувачи
- 5.600 евра за креаторот на јубилејната песна
- 1.300 евра за експерти во училиштето „Peace Forum Dialogue”
Домаќините на настанот ќе заработат дневница од по 50 евра, домашните пејачите и музичари ќе земат по 7.350 евра, додека пак тие од странство по 10.000 евра.
Водителите ќе чинат по 700 евра народни пари, додека пак за преведувачите ќе се дадат околу 1 илјада евра.
Средства ќе бидат издвоени и за опрема, озвучување, осветлување, снимање и фотографирање на настанот, додека пак за поетските стихови и музиката на песната за годишнината од Охридскиот договор се издвоени дури 5.600 евра.
Инаку, според информации на порталот основната дејност на фирмата-организатор е печатење книги, вклучително и сведителства за училиштата, но таа е и меѓу главните финансиски донатори на ДУИ.
Според информациите на порталот, во последните четири години фирмата добила 61 тендер во вредност од 4 милиони евра.