На рочиштето за 27 април ќе се изнесуваат дополнителни докази на дел од обвинетите

Денеска продолжува судењето за настаните од 27 април и упадот во Собранието. На денешното рочиште ќе треба да се изнесуваат дополнителни докази за дел од обвинетите.

Доколку бидат доставени од обвинителството, денеска ќе треба да бидат изведени стотина аудио разговори предложени од Александар Василевски – Нинџа. Доколку биде дозволена нивна декласификација, ќе треба да бидат изведени и доказите на Чавков, Лазаров и Пепиќ.

Се вчитува...

Судскиот процес е предводен од Добрила Кацарска, а застапници се Вилма Рускоска и Ивана Трајчевска.

За настаните и упадот во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата, и двајца за поттикнување.

Извор: ТВ21