Банката „Поштанска штедионица“ до вчера во 20 часот исплатила 200,44 милиони евра во динарска противвредност на штедачите на банкротираната „Алта банка“ во Србија. Тоа претставува 58,94 отсто од вкупниот износ на осигурени депозити предвидени за исплата, соопшти банката.
Средствата за обесштетување ги обезбедила Агенцијата за осигурување на депозити. За да ја забрза исплатата, „Поштанска штедионица“ ангажира мобилни филијали и дополнително распоредува вработени на локациите каде што има поголема побарувачка.
Во Лучани, каде што термините во филијалата биле пополнети до 15 декември, е поставена мобилна филијала која опслужува дополнителни 36 до 40 клиенти дневно. Нејзиното првично планирано петдневно присуство може да биде продолжено во зависност од интересот на штедачите.
Мобилна филијала е испратена и во Сомбор.
Од банката наведуваат дека системот за закажување овозможува навремено планирање на исплатите, следење на оптоварувањето на филијалите и распоредување на вработените според потребите на клиентите.