На светулките им се заканува изумирање – можеби нашите деца никогаш нема да имаат можност да ги бркаат во дворот!

Светулки ширум светот ја осветлуваат ноќта со своите блескави тела, но научниците сега предупредуваат дека нивната „магија“ е загрозена и дека идните генерации можеби никогаш нема да имаат можност да трчаат низ дворот по овие ситни суштества.

Главната причина поради која се намалува бројот на членовите на еден вид е губењето на живеалиштето, а светулките се загрозени бидејќи им се потребни посебни услови за исполнување на нивниот животен циклус, велат научниците од Универзитетот Тафт во Масачусетс, кои го спровеле истражувањето.

На пример, еден вид светулка од Малезија, познат по своето синхронизирано осветлување, има потреба од мангрови шуми за да расте во оваа област, но тука се засадени плантажи со палмово масло.

Истражувачите биле изненадени кога откриле дека и осветлувањето е причина за изумирањето на светулките.

На нив штетно делува вештачката светлина што произлегува од уличното осветлување, рекламите и светлината што се шири од прозорците на станбените згради.

„Освен што го нарушува нивниот природен биоритам, вештачката светлина влијае на нивните ритуали на парење“, вели Авалон Овенс, еден од коавторите на студијата.

Повеќето светулки се потпираат на биолуминисценцијата – хемиска реакција на нивното тело што им овозможува да го привлечат партнерот со својата светлина, а премногу вештачка светлина го нарушува овој процес.

Дејв Гулсон, професор по биологија на Универзитетот во Сасекс, истакнува дека пестицидите се една од главните причини за сè помалку светулки.

Научниците веќе утврдија дека во светот на инсектите е во тек на „тивка апокалипса“, бидејќи 41 отсто се веќе на работ на истребување.

Во Јапонија, Тајван и Малезија, екскурзии за следење светулки веќе подолго време привлекуваат се повеќе туристи.

Масовните туристички тури покрај реките во близина на мангрови шуми во Тајланд доведуваат до уништување на дрвјата и ерозија на речните корита, што мон, пишува Мондо.рс