Милијардерот Дејвид Мекнил пред некое време си купи „Ферари 250 ГТО“ за само 70 милиони долари.
Од ова возило произведени се 36 примероци, така што цената и не е некое големо изненадување.
Сепак, еден јутјубер од Виетнам одлучи да направи копија на „Ферарито“ и тоа од дрво.
Новото возило е наменето за неговиот син и изгледа фантастично, а целата изработка траела 70 дена.
И покрај пропорциите, дрвениот „Ферари 250 ГТО“ е во функција благодарение на електричниот погон, наместо „Коломбо В12“ моторот.
