Свет

На церемонијата на крунисување на Чарлс III ќе учествуваат 5.000 британски војници

На церемонијата на крунисување на Чарлс III ќе учествуваат 5.000 британски војници

Околу 5.000 припадници на британските вооружени сили ќе учествуваат на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети следниот месец, објави Ројтерс.

Ним ќе им се придружат воен персонал од над 30 земји на Комонвелтот.

Чарлс Трети ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај. Поздравите од топови ќе одекнат низ целата земја за да го одбележат моментот кога Чарлс III ќе ја добие круната. После тоа ќе има воена парада, вклучувајќи и прелет на воени авиони на небото над Лондон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни